top of page
  • Writer's pictureКултура β

Декемвриски спомени - Берина Кардовиќ

Декември е носталгичен. Месеците не се живи, немаат карактеристики, ама декември е посебен. Тоа е најтоплиот месец од годината. Потсетува на детство. На родендени во дневна со едни исти луѓе. Затоа и толку сакам родендени, тоа беше единствениот ден кога сите бевме заедно и среќни, некои малки опиени од ракијата и виното, ама среќни. Декември мириса на костени од плоштад и на петардите што ги фрлавме низ маало. Во декември почнуваа да продаваат честитки пред школо, па сите на ликовно ги пишувавме и ги украсувавме честитките за нашата мила наставничка. Секогаш ме потсетува на прошетки низ парк на ладното, на возење на рингишпилот во луна парк. На Дино Мерлин и Црвена Јабука од радиото на старата кола на тато. Декември е среќен, разигран, безгрижен, како мало детенце. Потсетува на дома иако сум далеку од дома. Тој ни припаѓа на нас. Како сонцето и месечината на небото. Како цвеќенцата на пчелките, како брановите на морето. Декември е наш.


 

Новиот краток расказ што го објавуваме е на Берина Кардовиќ. Нејзината љубов кон пишувањето започнала со писмените по македонски во основно и тие се претвориле во некои мали раскази за нејзиниот живот. За себе вели дека е многу носталгична личност па најчеста тема во нејзините текстови се некои веќе одамна завршени периоди. Пишувањето и е начин да се исклучи од светот и да одмори.

3 views

Recent Posts

See All

Таа имаше љубов подлабока од морето, и душа поголема од универзумот. Ќе дадеше сè од себе за тие околу неа да се среќни, не обрнуваше многу внимание за себе. Сè додека не ја запозна својата прва љубов

bottom of page