top of page
Writer's pictureКултура β

Еден лош час - Марија Чурлинова

Требаше ли да заврши ова вака,

зарем тоа беше единствената твоја мака?

Те победи ли нејзината слабост, бебе?

Успеа ли твоето его да те загребе?

Успеа ли да остави трагови,

на нечии одамна преминати прагови.

Едни врати да затвори,

а други да се помачи да ги отвори.

Се продаде за себе-олеснување,

толку ли беше лесно тоа заминување?

Та сега во сон да продолжи она прогонување.

Толку ли не се познававме,

па во се друго да се препознаваме.

Во се што не нè отсликува нас,

дали така ќе го најдеме нашиот мир и спас?

Дали утеха за век тоа ќе ни биде,

или пак еднаш ќе си признаеме на глас,

дека ни јас ни ти не бевме само лош час.

Дали моите зборови толку не ти значеа тебе,

што за миг заборави на ветувањето кое си го даде еднаш на себе?

Ти не слушаше никој,

но ги послуша сите освен тебе.


За едни кратки бакнежи,

а долго бакнување.

 

Нашата денешна β-поетеса е повторно Марија Чурлинова. За себе таа го вели следното ,,Верувам во слободата на пеперутките. Заглавена во светот на розевата боја, барајки дел од периодот на романтизмот во сегашноста. Го гледам светот како спој на возможното, невозможното и соништата, затоа што сегашноста не е само сегашност туку збир од минатото и од иднината. Одлучуваме за неа според грешките од минатото и според она што сакаме да бидеме утре. Пишувам за да не заборавам". Можете да ја заследите на нејзиниот инста профил @_nylanadorazoe_

Commentaires


bottom of page