Стокхолмската конвенција е меѓународен договор за заштита на човековото здравје и животната средина од тешко разградливи органски загадувачи (persistent organic pollutants; POPs).Tие се хемикалии кои остануваат во животната средина долги периоди, се прошируваат глобално, се акумулираат во масното ткиво на живите организми и се токсични за луѓето и живиот свет. POPs циркулираат глобално и можат да предизвикаат секаде во светот. При спроведувањето на конвенцијата, владите ќе преземат мерки за елиминирање или намалување на испуштањето на POPs во околината. Над 152 земји ја ратификуваа конвенцијата и таа стапи во сила на 17 мај 2004 година.
Стокхолмската конвенција има пет суштински цели:
· Елиминирање на опасните POPs, почнувајќи од 12-те најопасни;
· Транзиција кон побезбедни алтернативи;
· Детектирање на нови POPs;
· Oтстранување на стара опема којашто содржи POPs;
· Создавање на иднина без POPs.
Comments