top of page
Writer's pictureВасил Ханџиски

Еко – фактопедија бр. 7 - Енергетска ефикасност

Едноставно кажано, енергетска ефикасност значи извршување поголема низа актиности со помала количина потрошена енергија (електрична, топлинска, светлосна, кинетичка) и со помала емисија на јаглерод диоксид во атмосферата. Многу институции, домови и згради трошат повеќе енергија отоклу што навистина им е потребна, преку неефикасност и енергетски отпад.


Зголемената енергетска ефикасност не треба да значи намалување на удобноста на корисниците. Со имплементација на мерките за енергетска ефикасност, истовремено се обезбедуваат услови за одржлив развој. Намалената експлоатација на енергетските извори овозможува идните генерации да имаат ресурси за сопствен раст и развој.


Дополнително на тоа, ќе се овозможи отстранување на отпадот од енергетскиот сектор и намалување на трошоците за енергија. Претставува и еден од најисплатливите начини за справување со климатските промени.

Bình luận


bottom of page