• Васил Ханџиски

Еко – фактопедија бр. 8 - Одржлив развој

Идејата на концептот одржлив развој е да човечкото општество ги задоволува своите потреби без да ја загрози можноста за идните генерации да ги задоволат сопствените потреби. Овааа ,,официјална дефиниција” за првпат била употребена во извештајот Брунтланд во 1987 година.


Одржливиот развој опфаќа 4 области од секојдневното живеење (општествена еколошка, културна и економска) кои се испреплетени, а не одвоени. Поточно, одржливиот развој претставува начин на организирање на општеството за да може да опстои подолг временски период. Тоа значи дека општеството треба да се стреми за чиста животна средина за да може да обезбеди храна и ресурси, безбедна вода за пиење и чист воздух за своите граѓани.

36 views