top of page
Writer's pictureКултура β

Живот или преживување - Христина Тасева

Живеам во свет во кој не знам којa сум ни што сум. Живеам во свет каде не знам што е поважно минатото или иднината. Стојам пред огледало, темна соба, на средината јас, сама, онака безнадежно. Полека шарам со погледот по одразот, нешто недостасува. Леден огин поминува низ моите вени, полека паничам, сѐ е на своето место ама и не е. Сѐ е тука, ама нешто фали. Се прашувам дали го живеам вистинскиот живот, но разбирам дека всушност ме мачи што е тоа живот. Што ме прави поразлична од бездомникот на улицата што живее ден за ден, не знаејќи ни кој ден сме, не знае дека ќе биде утре, ни дека е сега. Дали јас живеам бездомнички живот лажејќи се себеси дека сум среќна? Дали овој живот е вистински или само имитација на животот. Вратата недалеку од мене ме привлекува , онака мала ама сигурна, си велам што ќе изгубам ако пробам , сепак што е полошо од помислата јас самата во оваа мрачна соба. Имам лошо предчувтсво , зошто сѐ ми е толку познато?! Чувствувам дека оваа врата беше тука и вчера, завчера, пред еден месец, една година.... Чувствувам како да ја видов таа врата на одразот на огледалото, како беше дел од мене. Но пак влегов. Видов минато, убави спомени по кои копнеам и се прашувам зошто тие спомени се само минато, а не и сегашност? Зошто останале таму доле потиснати? Одеднаш застанав, видов само еден пат, одеше во круг, немаше никаква цел, од каде ќе започнеш таму ќе се најдеш. Размислив, дали живеам живот или нешто што ја одвлекува смртта? Живеам во свет во кој сѐ е копија, а јас на врвот, целокупен збир од копии, но кога ќе се пронајдам вистинската јас и колку сум далеку? Зошто сѐ ме одалечува од тоа? Зошто правам работи кои се нови а се чувствувам полошо од претходно? Вратата се затвори, повторно сама пред огледалото, сфатив дека е нов ден, но сосема ист, пак се гледам себеси, ја гледам вратата, влегувам, го гледам патот, вратата се затвора, секој ден така. Истата јас со истите прашања поставена пред животот.

 

Христина Тасева е новата авторка на краток расказ кој го обрајвуваме. Таа за своето дело вели: „Денеска по една поетска пауза решив да напишам нешто. Испирацијата ми дојде од актуелната ситуација и прашањата кои не мачат во врска со иднината и како се гледаме самите себе и како сакаме да изгледаме во иднина. Баш во адолесценцијата многу се запрашуваме што правам а што понатаму и дојдов до овој расказ ,, Живот или преживување”. “

Comments


bottom of page