top of page
Writer's pictureКултура β

Загуба - Ева Василева

Таа имаше љубов подлабока од морето, и душа поголема од универзумот. Ќе дадеше сè од себе за тие околу неа да се среќни, не обрнуваше многу внимание за себе. Сè додека не ја запозна својата прва љубов. Заборави на сè околу неа, беше толку ослепена од таа љубов не се грижеше за ништо друго. Беше лошо што толку многу љубеше, таа беше невозвратена љубов. Но никако не можеше да се откаже, даваше сè од себе и не успеваше. А тој беше фраер, не обруваше внимание за тие работи, но тој знаеше дека чувствуваше нешто за неа, само што криеше, чекаше да ја изгуби и последната шанса и да каже, еве таа не знае една шанса да даде, не дозволува никој да се доближи до неа. Тоа си го велеше за да се утеши дека тој е секогаш во право и дека не сака да докаже дека љубовта беше неговата слабост. И двајцата беа како точен човек, погрешно време. Инатот и егото дозволија да ги победат, не се бореа доволно со љубовта... иако таа не сакаше да се откаже од него, беше свесна дека треба да продолжи понатаму. Таа го изгуби срцето, тој нејзе... кој изгуби повеќе?

 

Ева Василева е авторка на расказот „Загуба“! Таа за себе вели: „Кога пишувам и творам, побегнувам од реалноста и влегувам во мојот мал свет. Поразлично е таму, сама само со своите идеи. Доволно е само еден лист и пенкало и ќе ја раскажам мојата приказна.“

Comments

Couldn’t Load Comments
It looks like there was a technical problem. Try reconnecting or refreshing the page.
bottom of page