Замисли љубов како роса чиста.
Како првпат кога љубиш, баш така.
Замисли ноќи непреспани,
од мисли заморни земени.
Во тие ноќи единствено светло си ти.
Но вечер,
во часови на грешно искушение и нетрпение
во мојот живот темно е.
Безнадежно барајќи го вистинскиот
пат залудно лутам, да го најдам не можам.
Замисли вечер усни на усни во тие часови се топат,
но моите усни на твоите не се,
и твоите усни на моите не се,
а сепак тоа моите усни се.
Замисли срце празно како дупка
ладна,
А внатре гори,
Гори адски оган.
Во момент на растројство кога
гласот на паметот е потиснат
од татнежот на срцето,
Јас патам
Во него барајќи те.
Сега моите усни на неговите
се,
Но сепак ти ги прогонуваш мислите.
Ана Иљоска е нашата нова ẞ-поетеса. За неа, како што вели, поезијата е нејзиниот излез од секојдневието, терапија за скршено срце и извор на среќа. Пишува од кога знае за себе, од своите 4 години. Ни кажува дека ова и е прва поема која ја објавува, една од постарите кои ги напишала, но од оние кои најмногу и значат.
Comments