top of page
Writer's pictureКултура β

Зимско сонце - Глигор Глигоров

Ех да сум едно маче

што за внимание плаче.


Ех да сум едно куче мало,

што својата корка леб на едно пиле би му ја дало.


Ех да сум истото тоа пиле,

што доле пред мачките се силе.


Ех да сум една скачка,

па да бегам од некоја си мачка.


Ех да сум и една риба што над водата лета,

под птицата на која сум и мета.


Ех да сум едно пиле црно,

што пробува да грабне едно пченица зрно.


Ех да сум златна риба една,

секому 3 желби вредна.


Ех да сум еден слон,

па да тежам еден тон.


Ех да сум еден лав,

за сите животни крал-прав.


Ех да сум една мравка

што со зрното бега од една чавка.


Зимата е ладна,

за некои животни сезона гадна.


Оставете надвор храна,

шегите нека бидат на страна.


Грижете се за животните и оваа зима,

секогаш а не само дури снег има.


Дури снегулките паѓаат,

на една мачка,мачиња и се раѓаат.


Оставете и бар партали и кутија една,

нахранете ја со млеко доколку е жедна.


Животните секое добро го ценат,

не дозволувајте да бидат цвеќиња што венат.


Токму вие луѓето бидете Сонцето што оваа зима нив ќе ги грее,

секое пиле во знак на благодарност секое утро понатаму ќе ви пее.

 

Глигор Глигоров е поет кој доаѓа од Неготино, има 18 години и учи во СОУ „Св. Кирил и Методиј“.


Тој за својата поезија вели: „Поезијата е уметност која што цути од нигде-никаде во сите нас. Секој нејзин стих знае да ни ја милува душата на нам луѓето,таа знае да не допре до срцето,а баш истото тоа е слабо пред неа.Има ли нешто поубаво од пишување поезија? Има ли нешто поубаво од стиховите кои будат различни емоции во нас? Секоја моја поезија има свое име и презиме.Секоја моја поезија испраќа по некоја порака. Јас, поезија пишувам скоро една година. Моментално имам испишано 140 страници, скоро на секоја страница по една. Наскоро планирам да ги отпечатам моите дела. Кога пишувам се чуствувам толку посебно, како да влегувам во друг свет, заборавам на сè околу мене, а истото тоа е важно, благодарение на поезијата влегуваме во еден чуден свет. Зборовите премолчени, солзите неисплачени, насмевките скриени ете токму тие истите се со мастило запишани. Знам да пишувам некогаш и раскази, меѓутоа поезијата во моето срце има посебно место.“


Comments

Couldn’t Load Comments
It looks like there was a technical problem. Try reconnecting or refreshing the page.
bottom of page