Ева Стојчевска
Зошто образование за климатски промени?
Од една страна мило ми е што глобалното затоплување веќе не е пропаганда во која само дел веруваа, но од друга страна чудно ми е што само мал дел дејствуваат во тоа поле. Сепак се гордеам и сум им благодарна на оние кои што прават мали промени што дефинитивно играат улога на подолгиот пат. Остатокот си продолжува како ништо да не се случува.
Глобалното затоплување е причината за климатските промени, а причината за климатските промени овој пат сме ние луѓето. Да, сакам да кажам дека глобалното затоплување се случило и претходно. Цртаниот Ice Age е еден од многуте кој што го претставуваат тоа пост-апокалиптично време. Според научните истражување оваа судбина и не ни е толку далеку, да бидам по специфична 2050.
Од просечната температура на Земјата, сега достигнуваме глобално затоплување од 1.2°C. Според истражувањата кога затоплувањето ќе достигне температура од 1.5°C малите островски земји ќе пропаднат под вода. Предвидено е дека ако до 2050 ние ја надминеме границата на глобално затоплување од 2°C ќе мораме само да се справуваме со последиците.
Пак ќе напоменам дека научниците велат дека оваа судбина не ни е далеку, бидејќи според моменталните заложби на земјите ние ќе достигнеме затоплување од 3.7°C.
Овие информации, јас како активист на ова поле не ги знаев. Знаев дека климатските промени веќе се случуваат, но кога ги дознав бројките добив нова преспектива на ситуацијата. Уште појасно ми стана што значат овие топли лета кои што ги чувствуваме, што значат големите пожари кои што се случуваат низ светов и колку почести ќе бидат.
Имам чувство како да имав среќа што учевствував во еден проект каде што првпат се сретнав со овие информации, а сметам дека треба да се зборува за нив почесто.
Во училиште учиме што значи екологија и кои се обновливи ресурси на енергија, но тоа е ништо во однос на уште колку треба да се знае. Без да знаеме што се случува, нема ни да знаеме како да помогнеме. Треба сами да истражуваме, треба сами да се образоваме на оваа тема кога тоа образование не го добиваме од таму каде што треба, формалното образование.