Уште од најмали години учиме дека обнoвливи ресурси на енергија се вода, ветер и сонце. Ветерници, хидроцентрали, сончеви панели, тоа е сè што знаеме, тоа е иднината. Но кога зборуваме за животна средина и одржливост, не е секогаш сè така едноставно.
Хидроенергија е енергија која потекнува од силата на водата, поточно од вода во движење. Запознаени сме со бројката на хидроелектрани во нашата земја, поспецифично знаеме дека е голема бројката.
Како поминува време имаме сè понови истражувања, информациите се менуваат. Факт е дека фосилните горива се штетни и дека полека но со сигурност се помалку се потпира на нив за производство на електрична енергија. Обновливите ресурси на енергија се иднината, и сè повеќе државите работат на планови за производство на чиста енергија.
Активистите и биолозите не се согласуваат дека малите хидроцентрали се начинот на кој треба да се потпреме. Тврдат дека енергијата која се добива од малите хидроцентрали не е толку значајна во однос на каква штета прави на природата. Цел свет сè повеќе се посветува на сончева енергија. Нашата земја има 300 сончеви денови од 365, штета е да не се искористи ваков огромен потенцијал. Ако се искористи капацитетот на земјата, ќе се произведува доволно енергија за да се продава на соседните држави.
Comentários