top of page
Writer's pictureКултура β

Изгрејсонце на љубовта во својот свет - Александра Трајковска

Во длабочината на тивката ѕвездена ноќ кога чисти солзи рониш в тишина мртва, се прашуваш ли дали некој поседува моќ да те оттргне од твојата средба со смртта?

Тој напуштен, ослепен странец што патува во тебе и низ светот безбоен, празен, надежта љубов да го стопли, згаснува, а за болката - никаков начин исказен.

Настапува топло неочекувано утро во душата потоната в длабок зимски сон. Ехо на непозната мелодија, звучејќи мудро, ја стопли душата уште со првиот тон.

Безброј прашања како ѕвезди светат: „Зарем постои срце кое ќе ме сака?“ „Зарем би дариле љубов што ќе ветат?“ „Зарем ќе ме избават од вечната мака?“

Можеби поединец, можеби мноштво, се грижат за тебе како за најубав цвет. Бескрајно те сакаат, прашуваш зошто? Бидејќи за некои луѓе, ти си целиот свет.


Мракот просветлен со зрак од полна луна. Со тебе радост и горка болка ќе дели. Кога на твојот дожд од солзи ќе биде ѕуна, душата ти е полна, неверојатно нели?

Изгрејсонце на љубовта во светот твој, сонце во вид на човек те грее денови цели и ниту едно зајдисонце не може да ве одвои. Приказната станува бајка, волшебно нели?

Скршеното срце што го криеш вешто, тој човек секое парче од него го сака, а кога в немирна душа ти тежи нешто, тој никогаш не би те оставил така.

Кога непромислено крвавиш дланки свои и тој го чувствува твојот смртен бол. Нека исчезне сенката која од љубов те двои твојот лажен мрак, твојот близнак зол.

Како најубава утринска надеж на доблест влезе во твојот свет и засекогаш го смени, успеа да те спаси од најтешката болест и токму тогаш, твојот свет сосема го замени.

Причина за живот нека биде за тебе онаа душа која најмногу од се те љуби, и не би знаела што со себе доколку човек како тебе загуби.

Низ ѕвездена вселена тој човек бил. Мапа на свои патописи – најубав сплет, но, длабоко потона во твојот поглед мил и во твоите очи го пронајде сиот свој свет.

 

Александра Трајковска е ученичка во СУГС „Раде Јовчевски - Корчагин“, каде што љубовта кон пишувањето ја претвора во вистинско изгрејсонце во нејзиниот свет.


За својата песна "Изгрејсонце на љубовта во својот свет" таа вели: „На свој начин се обидов да го доловам чувството на осаменост во океанот на болката, но истовремено и чувството даси нечиј свет и најсјајна ѕвезда во нечие соѕвездие.“


А за себе додаде: „Имено, овој период работам на мојата необјавена книга ,,Мистерија под нашата сенка", но во меѓувреме уживам да пишувам поезија, најчесто на теми кои сите не прогонуваат длабоко во себе и се стремиме кон надеж тие чувства да ги победиме.


Пишувајќи од најрана возраст, ме инспирираше моќта на зборовите со кои можеме да го отклучиме поралот кон универзумот на нечии чувства и мисли. Па затоа, сакам да пишувам поезија што ќе ја пробуди љубовта кон самиот себеси и кон другите, бидејќи кога споделуваш искрена љубов, ја победуваш омразата.“

Comments


bottom of page