top of page
Writer's pictureКултура β

Изгубено време - Јована Степаноска

Ме разбуди, тогаш кога

заспав веќе,

чекајќи го да подвикне,

да ме побара,

туку не, да ме потсети да го побарам.


Слушав кај што шепоти,

него го немаше

и немаше да го има...

Замина, и никоја сила не го враќа,

тоа веќе сè со себе земаше.


Тивко ми рече,

та, што чув, ме пресече:

"Кај бевте до сега, вие сите,

да ме побаравте, понекогаш во дните,

да ме подумавте на пати,

веднаш ќе дојдев, та пусто и јас нејќев, а заминав...


Поданици вие

на безразличното останавте,

место да ме стисните силно,

да видите од мене аир

туку ко гулаб ме пуштивте

низ шир да летнам,

та не застанав

изгубено сум сега."

 

Јована Степаноска е средношколка која доаѓа од Ресен, а учи во СОУ „Цар Самоил“. За себе вели дека се пронаоѓа во многу уметнички области од поезија, проза, цртање и сликање, танц, сè до изработка на ракотворби.


Таа додава: „Иако цртањето ми оди од рака, тврдам дека со поезијата се отвораш себе си кон светот или подобро кажано, својата внатрешност ја оставаш на дланката на читателите, за што и зборува мојот прв обид (неуспешен, заради занемареност) за мојата, никогаш необјавена, детска стихозбирка "Езеро од зборови"...“

Comments


bottom of page