top of page
Writer's pictureКултура β

Измислено време - Елена Николоска

Да ти нацртам

како продуктивно се поминува ден.

Па, види ти и кажи ми,

како мириса слободата.

Нема врска!

Ти, ти не гледаш верувај!

Живееш свој свет,

секој живее во некој сопствен свет.

Но, јас живеам во измислено време.

Не ти е јасно, знам.

Ма, како и да е!

Еве ти кажувам:

Еднаш, и уште еднаш,

уште сто пати да ти кажам...

Заборави, пак нема да сфатиш,

толку упорен, а сепак при две здрави очи слеп.

Јас живеам во измислено време!

Ќе ти нацртам слика,

ќе направам фотографија,

ќе пишувам проза и поезија,

ќе јадам отровни печурки,

ќе ограбам банка,

ќе убијам зомби,

ќе го стопам јужниот пол.

Зборувам глупости, нели?

Не! Не, не гледаш!

Јас живеам во измислено време.

Јас живеам во измислено време,

ти во реален свет.

Јас сонувам, мечтаам.

Всушност, јас животот повозбудлив го правам.

Твојот е, на некој начин... досаден.

Не, немој да ми се лутиш.

Во мојата душа живее дете,

нон-стоп мириса некое цвеќе и

носи розова облека.

Во мојата душа живее дете

кое нема да се забавува

во твојот монотон реален свет.

Јас живеам во измислено време!

Јас го создадов мојот свет.

Биди свој!

 

„Математичар кој љуби да поетува. Го обожавам сонцето и пријателите, го љубам постоењето и Дениција. Уживам во стара, но добра поезија. Го милувам зајдисонцето и сум заљубена во шегата. Добро стојам со зборовите, ама пред да заспијам оти изгледа ми стојат под перница. Пријателите често ме нарекуваат и сензација.“ вели Елена за себе.

Comments


bottom of page