top of page
Writer's pictureКултура β

ИЗОЛАЦИЈА од Лина Бојаџиева, краткометражен филм

Кога целиот свет сопре, исплашени и збунети, затворени во своите домови чекајќи подобро утре, бараме комфорт во уметноста. Во краткометражниот филм "Изолација" е прикажана млада девојка во изолација, трагајќи по својот мир.

Кадар од „Изолација“; извор: ig:@linasfilmdiaries

Пред некое време на нашиот мејл добивме неочекувана порака од младата режисерка Лина Бојаџиева, нѐ извести за нејзиниот нов краткометражен филм насловен како ,,Изолација". Филмот ви го пренесуваме во целост и се надеваме на позитивни реакции за него!


Лина Бојаџиева е млада режисерка, има 16 години и живее во Скопје. Се бави со филм и режија, свири пијано и саксофон и во слободно време сака да прочита добра книга и да слуша добра музика. Една од нејзините пасии во животот е филмската уметност, затоа што е уметноста што ги сплотува сите уметности. Покрај филмот, класичната музика е огромен дел од нејзиниот живот, така што нејзиниот прв самостoeн краткометражен филм "Изолација" е нејзината синтеза на двете уметности.

Кадар од „Изолација“; извор: ig:@linasfilmdiaries

За филмот ни кажува: ,,За мене "Изолација" е многу личен проект. Чувајќи го своето физичко здравје, се случува да го запоставиме менталното здравје. Овој филм е само едно од многу искуства со справување со актуелната криза со корона вирусот. Лично, многу сум приврзана за класичната музика, слушањето и свирењето на истата ми се огромен дел од животот, така што јас за време на карантинот најмногу комфорт наоѓав во неа. Токму затоа, "Изолација", е инспириран од самата музика која е во филмот, пиесата на Морис Равел "Jeux d'eau". Проектот е моја синтеза на моите две омилени уметности и окупации во животот, музиката и филмот. Пораката која сакам да ја пренесам на публиката: Читајте добри книги, слушајте добра музика, гледајте добри филмови и најбитно од сѐ, негувајте си го менталното здравје!"


Филмот можете да го погледнете во продолжение:


Comments


bottom of page