Беше некој кој доаѓаше и заминуваше
во еден момент беше блиску до мене
а веќе следниот ниту негов траг
беше како птица вселен во моите прегратки
и одеднаш исплашено излетуваше
јас долго гледав во далечините
додека заминуваше
потоа доаѓаше повторно крај мене
знаев дека бев единствената утеха
на таа ранета птица
затреперував секогаш
од допирот негов
дури и кога ме гледаше со крупните очи
пред светот
со рацете преплетени
цврсто држејќи ме
потајно ми искажуваше
дека никогаш нема да ја пушти мојата рака
а јас како дете се радував покрај него
го љубев како да беше последното парче дијамант
како да беше последната капка вода во пустина
како да беше воздухот без кој не се живее
ми влеваше такво некое необјасниво чувство
чувство на сигурност
топла прегратка
безброј насмевки
едно вистинско засекогаш
и после сиве овие поминати години
е она истото
и се прашувам каде згрешив
можеби никогаш не му кажав што ми значи
можеби никогаш не му возвратив иста количина на љубов
можеби само му се восхитував во стиховите
можеби потсвесно го опишував него
кој сеуште го немав сретнато
го пишував па бришев
го искинав и фрлав во оган
а можеби постои некаде
или пак можеби се ова само беше уште една моја илузија
Николина Савеска за себе вели дека хоби и е да пишува поезија и проза. Зема учество во најразлични поетски конкурси и антологии. Зборовите и чувствата кои не можат да се искажат на глас секогаш можат да се претстават на лист хартија вели таа.
Comments