Прво, да разјасниме дека култ може да биде општествена група која има одредени религиозни или философски убедувања кои луѓето во култот строго ги следат и почитуваат. Исто така култот може да биде насочен кон некоја личност односно, да се величи некоја личност поради некои причини.
Меѓутоа, мора да признаеме дека култовите или сектите се општествени групи кои ретко се прифатени од општетсвото, од причина и често затоа што тие групи на луѓе не ги задоволуваат општествено-религиозните стандарди и обично таму има по екстремни и по ,,егзотични” ритуали.
Без разлика, обично култовите и иако е стереотип дека се опасни, тие сепак се опасни, затоа што обично доведуваат до смрт или наштетување на психо-физичката состојба на поединецот.
Но, кој е влогот на пример да се влезе во една таква група? Бидејќи нели човекот е суштество кое бара валидација од општеството, а секако и мора да припаѓа некаде, затоа што така се гради своето ,,јас”, кој се предусловите некој да ,,влезе” во таква ,,необична” група, свесно или несвесно?
Ако е свесно, меѓутоа и несвесно, но свесно сепак да претпоставиме дека некој знае дека влегува таму, знае што се случува. Обично е поради тоа што култот е нешто ново, отфрлено, ,,посебно” и јас таму ќе се чувствувам сепак подобро и прифатено иако поголемиот број на луѓе имаат не толку добро мислење за тоа. Од друга страна ако е несвесно, тоа секогаш би било прифаќањето од другите, чувството на безбедност и чувството на поголема валидација од помала група на луѓе и секако целење кон истите вредности, цели.
Во двата случаи човекот и луѓето таму сепак во некој момент или степен во животот се почувствувале осамени, без никој, неприфатени или едноставно неразбрани и никако не можеле да се пронајдат во веќе прифатените нормативни општествени групи. Затоа пак во таа група тие наоѓаат некакво место и сепак се значајни и учествуваат во важните обреди кои се случуваат. Секој си наоѓа место во хиреархијата на таа група. Секој се чувствува посебно, важно, а не отфрлено и неважно.
Интересното е што, еве да кажеме во религиозните култови, прво те прифаќаат, но потоа за да те задржат на некој начин ти поставуваат доста строги правила на однесување, рутини, ритуали, кои мора безусловно да се следат, а и има многу примери каде што естаблишментот на култот на разни начини ги злоставува луѓето за тие да бидат послушни, секако и од корист, но сепак тие луѓе нема ни каде да се пожалат ниту да побараат помош затоа што знаат дека ќе го изгубат тоа што го имаат.
Донекаде и е природно, затоа што и религиозните групи и големите религии го имаат истиот ефект врз луѓето. Исто така на власт опстанале многу кралеви, владетели на истиот начин, посебно и мислам дека најдобар пример може да се помодерните диктатори и општесtвени системи како нацизмот и комунизмот. Величење на одредени философски ,,норми”, правила, величење на татковците на нацијата. Национализмот е исто така еден вид на култ кон одреден народ, нација, величење на историјата, одредени достигнувања, историски личности, правење на приказна која потоа луѓето ја следат и ја величат, чувствувајќи се дел од таа група.
Кога сме кај култот на личноста, кон денешните музички и филмски ѕвезди има култови и тие се следени и величени од голем број на луѓе. Кардашијанките се пример на луѓе кои заработуваат многу добро и скоро само од тоа, односно од нивниот култ кон нивната личност и фамилија. Брендовите се исто така едeн вид на култ.
Значи може да заклучиме и да дојдеме до коренот на оваа теорија или ,,проблем”. Луѓето за да бидат прифатени мора да сакаат нешто исто со поголема група на луѓе. Едноставно, се чувствуваш подобро кога ќе слушнеш дека некој слуша иста музика како тебе или дека имате омилен режисер или омилен бренд на кола. Секогаш луѓето кои ги сакаат истите работи како тебе, ти се помили и секако повеќе ги ,,почитуваш”. Според тоа каде припаѓаш ти се одредуваш себеси, низ таа призма го оценуваш и гледаш општеството и другите општествени групи на луѓе. Затоа некому е важно на која партија припаѓаш, од која религија си или што си. Така најлесно се оценува нечија ,,вредност”, секако на прв поглед.
Подобро задоволете си ја осаменоста во некој култ кон некој добар бенд или некое добро друштво, отколку некаде каде што мора да се жртвувате.
Comments