top of page
Writer's pictureКултура β

Ковчег без ниеден отвор - Теодора Стојковска

Знаеш што е тоа што боли -

тоа што е празно

и во исто време тежи.

Тоа што повремено си оди,

и на крајот од денот си го наоѓа патот

за пак покрај тебе да лежи.


Добро знаеш што е тоа што боли,

„Самата си крива што во секоја прилика

таму одиш“

Си велиш како што се враќаш

наводно за последен пат.


„Мислите само ти ги водиш“ Си велиш како што ги насочуваш на

истото место,

таму каде што те нема

таму каде што боли.


Ти го создаваш - тоа те обзема

Механизам кој најдобро го познаваш

Можеш да дишеш, а ти одбираш ковчег без ниеден отвор

Можеш да леташ но на небото му даваш огромен отпор

И остануваш доле, уморна и без здив

Само секој човек ти е крив. • А на кого си всушност лута

кога никој не те држи за рака додека таму одиш?

И со кое право протестираш

кога имаш сe’ што сакаш да имаш? • Кога си опкружена со твоите луѓе

одиш таму и цела вечер не се враќаш

телото ти е со нив

а ти си поминуваш баш како што сакаш

И тоа те боли -

Ако си дадеш повеќе насоки

не си ориентирана

туку талкаш.



 

Новата ẞ-поема е од Теодора Стојковска. Вели дека со подготовките на пиемните рабпти во основно сфатила дека сака да пишува. ,,Во основно училиште на подготовките за писмена работа сфатив дека сакам да пишувам. Кога пишувам се чувствувам како да можам да создадам нешто што е само мое, врз кое што никој нема влијание, и мислам дека тоа е многу убаво. Во таква изолирана околина можам најубаво да се разберам, да се изразам и секако - да се забавувам." - ни раскажа таа. Потоа додаде дека ,,идеите кои што ги имам за пишување долго чекаат пред да се остварат, а некои и никогаш не доаѓаат на хартија. Тоа е така во главно бидејќи не сакам да се разочарам ако не можам да ги направам како што ми се во главата. Често ми се случува да почнам со една идеја и додека пишувам да завршам со нешто друго, што исто така е во ред."

Kommentare


bottom of page