Беше ноември, како мај да беше,
сив и студен, но рози во себе криеше.
Насекаде ветришта и виулици,
во душата пролет и цветни улици...
Надвор летаа снегулки,
најголемата имаше лик,
во стомакот ми прелетаа пеперутки,
срцето ми отчука стих...
Ритамот на срцето забрзуваше,
стрелката на часовникот се заледуваше,
се чувствуваше здивот на мај,
покрај рацете студени и топлиот чај...
Крај огништето во собата седам,
со затворени очи, снегулката ја следам,
ја задржувам во еден здив,
да ми стопли душа,
да ми донесе светлина во ден сив.
Ти, снегулко, падна во мракот
во кој се загубив.
Ти си онаа моја топла зима
кога се заљубив.
Јована Лазаревска е авторка на песната „Кога се заљубив“, доаѓа од Куманова, а учесник е на бројни литературни конкурси на кои се здобива со државни и меѓународни награди. Таа за себе вели: „Пишувам од мали нозе, инспирирана од секојдневието, природата, пријателите, љубовта... Поезијата ја разбирам како средство за искажување на најдлабоките мисли и чувства... “
Commenti