top of page
Writer's pictureКултура β

Кога си тука - Марија Ванѓеловска

Кога си ти тука,

јас не сум.

Кога ти доаѓаш,

јас бегам.

Кога ми зборуваш,

молчам.

Заспиваш во мене,

а јас останувам будна.

Кога не си тука.

Но тука си.

Сакам да исчезнеш

и јас да се појавам.

Сакам да не зборуваш

и да почнам јас да зборувам.

Сакам да заспијам,

а ти да не си тука.

Кога си тука,

Остануваш тука,

остануваш болка во градите.

Кога си ти тука, јас не сум.

Кога јас ќе сум тука?

 

Нашата денешна ẞ-поетеса е Марија Ванѓеловска која, како што ни кажа, не пишува често и не е сигурна дали тоа што го пишува има смисла, но сепак ни се претставува со нејзиното дело ,,Кога си тука"!

Comments


bottom of page