Како жена во почетокот на 20от век – во период кога само мажите смееа легално да имаат бизнис – која постигна револуционерни промени во модниот свет, Габриел Шанел алиас Коко Шанел го посвети целиот свој живот на нејзниот бренд. Започнувајќи со продавање на рачно направени шешири по жени во нејзиното маало, Габриел го направи еден од најреномираните брендови Coco Chanel.
Борбата за опстанок во еден патријархален свет за неа беше тешка, патем наидувајќи на измамници кои ја земале како предност неукоста на Коко во правните договори, па така легално на Габриел и беа украдени 90% од профитот на нејзиниот бизнис. Но сепак Габриел посветено продолжи да работи на својот бренд така што во тој период го направни и познатиот парфем Chanel No. 5.
Непосредно пред Втората светска војна, Коко ја започнува својата шестта романтична врска – поради фактот дека ѝ бил потребен маж во нејзинот живот за да опстане нејзиниот бизнис – со германец Ханс Гунтер фон Динклеџ, кој со почетокот на Втората светска војна ги истакнува своите нацистички пориви. Три месеца пред германските војни да ја окупираат Франција, најзиниот партнер ја предупредува дека ќе биде да го избегнат влегувањето на војските во градот, но Габриел одлучи дека нема да го напушти својот бизнис без разлика на сè. Нејзиниот бизнис не беше запрен поради нејзината врска со нацист, но феминистичкиот дух на Коко ја јадеше од внатре бидејќи мораше да зависи од мажи кои мислат дека можат да го владеат светот.
Познавајќи ги добрите односи на Габриел со британската кралска фамилија, нацистите ја приморале, со закана дека ќе и биде одземен нејзиниот бизнис, да прифати да биде шпион во Британија. Таа доби и таен прекар „Моден шешир“. Така во 1943 година, Коко беше испратена во Лондон да му даде писмо на Винстон Черчил, во кое Германците бараа Черчил мирно да го предаде Лондон во нивни раце. Черчил се подразбира дека одбиј. Но никогаш не се дозна што точно усно размениле Шанел и Черчил. Можеби револуционерниот дух на Коко ја натера таа да биде двоен шпион?
По завршувањето на војната Коко Шанел го оставила Ханс Гунтер и започнала врска со 20 години помладниот уметник Салвадор Дали.
Повеќето го осудуваат соработувањето на Габриел со нацистичката власт, но во тој момент таа требаше да одбере помеѓу зачувување на животот кој го градеше на свој грб, поминувајќи преку општествени бариери, кои во денешно време се далеку понеприсутни или да остави цел нејзин живот посветен на својот бренд да колабира. Со ова даваме една нова димензија на гледиште кон моментот на „одбирање на помалото од две зла“, т.е. се дава и субјективен аспект на тој избор. За жал често таа фраза ја слушаме и ден денешен, па заклучуваме колку објективноста зависи од субјективноста, колку за доброто толку и за лошото!
Comments