top of page
Writer's pictureКултура β

Краток расказ од Климентина Стрмбова

Колку би сакала кога ќе поминеш покрај мене да можам да ти се нурнам во прегратките. Сонувам за тој момент. Но, знам дека овој сон не може да се оствари се додека ја гледам неа покрај тебе. Додека вашите чекори се усогласени, фатени за рака и со насмеани лица. Доколку не ги сокривав своите чувства кон тебе и доколку срамот не преовладуваше длабоко во мене сега можеби местото покрај тебе ќе беше резервирано само за мене и немаше да бидам тажна како што сум сега додека ве гледам вас заедно, напротив ќе бев најсреќната личност на светот. Можеби ако застанев пред тебе и смело го кажев она што го мислам и чувствувам, да можев така лесно да ти кажам Те сакам исто како што ти го сакаш фудбалот, како Јулија што го сакала Ромео и како што птицата ја сака слободата да можев ова да го споделам со тебе можеби се ќе беше поинаку. Немаше сега да тонам во копнежот по тебе, но во истиот тој момент ме охрабрува помислата на тоа дека и ти ги сокриваш твоите цувства, го сокриваш она со кое не можеш и ниту ти самиот да се соочиш, а не пак да го споделиш со мене. Жалното е тоа што сум свесна за тоа дека со ваквиот пристап кон нашата љубов се приближуваме кон провалија наместо до заеднички моменти исполнети со среќа и љубов и наместо да превземам нешто за да се случи токму спротивното јас го оставам бродот да потоне.

 

Климентина Стрмбова доаѓа од Штип, има 17 години и учи во гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип. За своето дело вели: „Безброј текстови кои ги напишав се напишани онака, без многу размислување, спонтано. Доволно е само една реченица па понекогаш дури и само еден збор за да создадам некое мое лично дело со кое подоцна ќе се гордеам.“

Recent Posts

See All

Загуба - Ева Василева

Таа имаше љубов подлабока од морето, и душа поголема од универзумот. Ќе дадеше сè од себе за тие околу неа да се среќни, не обрнуваше...

Comments

Couldn’t Load Comments
It looks like there was a technical problem. Try reconnecting or refreshing the page.
bottom of page