• Култура β

Краток расказ од Симона Лазарова

Останав да пишувам до доцна. Барем патувам во моите заталкани мисли со него, патувам во фантазиите. Патувам по долг пат, од каде што не можам да се вратам. Токму сега навратив до нашето старо место. Местото каде не знаев за никој друг. Останав таму, каде за прв пат ги сретнав тие очи. Бев свесна дека него го донесе ветерот и една ѕвезда. Тие очи го отклучија моето срце и го фрлија на најлевата страна во мене. Но сепак беше толку блиску, а толку далеку. Секогаш беше мојата далечина по која трагав, секогаш беше моја пролет и недовршено лето. Секогаш беше секој месец од годината, секој ден од месецот, секоја минутка од секој ден и секоја капка среќа од моето срце. Раскажав за нас, за нашето место, за оваа љубов на далечина. Го раскажав него во секоја приказна напишана од мене. Го раскажав и во приказната “И далеку е доволно блиску за мене.”

 

Нашата нова авторка на краток расказ е Симона Лазарова. Вели дека нејзината желба е да го споделува сѐ она кое ја исполнува, да го остава на лист хартија, да остане спомен и нечија инспирација!


183 views

Recent Posts

See All

Таа имаше љубов подлабока од морето, и душа поголема од универзумот. Ќе дадеше сè од себе за тие околу неа да се среќни, не обрнуваше многу внимание за себе. Сè додека не ја запозна својата прва љубов