top of page
Writer's pictureВасил Ханџиски

Луѓето VS климатските промени


Глобалните случувања условуваат климатските промени да бидат честа тема за разговор на дебаните емисии на телевизија, на социјалните медиуми и во политичките кругови. Во 2018 година видовме дека во Сахара, најголемата пустина на планетата Земја, падна снег. 2020-та ја дочекавме со масовните пожари во Австралија кои нанесоа големи штети на флората и фауната, како и на економијата. Забележуваме и рекордно топење на мразот на Антартикот, Арктикот и Гренланд.


Јасно е дека ова што се случува е последица на глобалните климатски промени. Прашањето што треба секој од нас да си го постави е:,,Што можам јас да направам за да придонесам кон решавањето на овој проблем?” Секако нашето индивидуално дејствување нема да го реши проблемот, но е еден дел од слагалицата наречена ,,решение за климатските промени.” Колку повеќе луѓе се вклучуваат, толку повеќе делови се додаваат на слoжувалката.


Eден начин на кој може да помогнеме е да ги промениме нашите лични навики. Првото нешто што може да го направиме е додека си ги миеме забите да ја затвориме чешмата. Понатаму кога купуваме намирници наместо да користиме пласитчни кеси може да користиме платнени торби. Можеме да избегнуваме користење на пластика која не може да се рециклира. Намалување на нашaта консумација на месо или целосно отстранување на месото од нашата исхрана е исто практика која може да ја примениме. Ова се само дел од нештата што може да ги направиме, а сите овие мали нешта имаат позитивно влијание.


Друг начин на кој може да дејствуваме е преку нашиот активизам. Да се’вкучуваме во акции за чистење на локалните депонии, на местата за излет или пак на речните корита. Сите заедно да излеземе со транспаренти пред надлежните институции и да бараме од нив да засадат повеќе дрвја, да направат повеќе паркови или пак да го забранат увезувањето на стари автомобили. Можеме да организираме и герила акции заедно со нашите пријатели и истомисленици. Да твориме уметност која е резултат на револтот кон моменталната состојба со климатските промени. Уметноста може многу повеќе да каже отколку што мислиме. Социјалните мрежи може да ги искористиме за да ги поттикнеме нашите следбеници да преземат акција и да се приклучат на битката против климатските промени. Понекогаш и една слика што ќе ја споделиме може да разбуди некоја индивидуа.


Преку нашиот активизам може да направиме и политичко влијание. Ќе ги принудиме донесувачите на одлуки да го слушнат нашиот и гласот на нашата генерација. Нема да можат да не избегнат и ќе бидат принудени да ги слушнат нашите стратегии, предлози и зелени политики. Секогаш нема да ни биде отворена нивната врата, но тоа не треба да нe обесхрабри туку треба да ни е мотивација за да се трудиме повеќе за остварување на нашата цел.


Ова се само некои од механизмите кои може да ги искористиме за да оставиме наш белег врз борбата против климатските промени. Најважното нешто што треба сите да го разбереме е дека сите имаме одговорност да преземеме нешто. Затоа што со нашата пасивност само потврдуваме дека тоа што го прават е добро. Мора да се стремиме да бидеме дел од решението, а не од проблемот.


Comments

Couldn’t Load Comments
It looks like there was a technical problem. Try reconnecting or refreshing the page.
bottom of page