Еј види Бедници Слуги на ѓаволот се измејуваат на страдањата на другите раскажуваат невистини шират пропаданда така ли ве учеа луѓе злобни? луѓе неизживеани ве учеа ли да ги газите другите? да им нанесувате зло без око да ви трепне ? каде ли ќе ви оди душата? Кој ве учеше дека децата треба да бидат предмет на злоупотреба? Кој ве учеше дека жената сама "си го бара" затоа што нејзината сукња е над колена? Кој ве учеше дека мажот не смее да го понесат своите емоции или ни по кој случај да заплаче? кој ве учеше дека со правењето добро само зло ќе видите? Кој ве учеше дека облеката се мери со карактерот? Ќе се свестите ли луѓе злобни? дека децата се извор на безвредна љубов и грижа а не злоупотреба дека жената не се карактеризира по она што го носи на неа туку во неа, во срцето дека и мажот може да заплаче кога му е тешко, тоа не е слабост дека правењето добро некој од горе го гледа и кога тогаш ќе врати престанете да бидете вие тие што треба да судат судот сите нас ќе не стигне нема никој од нас да го прескокне.
Николина Савеска за себе вели дека хоби и е да пишува поезија и проза.Зазема учество во најразлични поетски конкурси и антологии.Зборовите и чувствата кои не можат да се искажат на глас секогаш можат да се претстават на лист хартија вели таа.
Bình luận