top of page
Writer's pictureКултура β

Маглиште - Бојана Суклоска

Во градов нем, нешто се случи

маглиште се мачит, низ улициве пусти

маглишта се мачат и во душиве пусти.

И зар остана ли, тронка човечност во вас, зар остана ли некој од нас?

Од темнина тебе те видов,

те видов човеку ,

ти кој со цело твое срце

раскажуваш за

душата ,ти твоја клета.

Низ тивкава ноќ , повторно го слушам

небово тажно, небово не до исплакано, вечно не до искажано...


А нас сиви маглишта не мачат,

како пикавци фрлени

кои никогаш не знаат да згаснат

како дождови кои

мелодично знаат да плачат...


Само маглишта мачат ...

 

Бојана Суклоска е автор на песната „Маглиште“, има 15години, а учи во ОСУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид.


Таа за себе вели: „Тежок критичар за себе, често го фаќам моментот на пишување, тогаш кога душата е спремна да зборува, инспирацијата ја пронаоѓам во едноставноста на животот, и среќа ми е да направам нечија среќна насмевка макар на момент.“


Comments


bottom of page