top of page
Writer's pictureКултура β

Малку после полноќ - Кристина Крстевска

Веќе понеделничка

Џез сесија.

Креветот ми е Месија

пак ќе ме спасува

од реалноста.


Не знам што сакав да кажам

се надевам ме разбравте.

Понекогаш сета поезија лежи

во читателското (недо)разбирање.

Се плашам дека ако легнам

ќе ги најдам соништата

како ме демнат под креветот

носат ролшуи

френетично се возат

како на буги лизгалиште од просечен американски филм

и прават бучава.

Се плашам да не чујат соседите,

кој ќе им објаснува

дека една поетеса вечерва.

Се инспирирала.




Comments


bottom of page