top of page
Writer's pictureКултура β

Мини-збирка од кратки раскази

Студена тивка зимска ноќ - Мила Петкова


Една студена, тивка зимска ноќ, додека сите беа во своите топли постели јас таа ноќ останав до прозорецот одлетана во моите длабоки и мачни мисли.

Се прашувавте што размислував? Еве токму ова го размислував, зошто луѓето секогаш ја осудуваат книгата по кориците и го осудуваат туѓиот живот?Без тие да знаат низ какви темни патишта, какви болни и лоши приказни поминал тој човек. Да знаете тој човек кој што сте го осудувале низ какви тешкооти поминал, ни еден ден не би сакале да бидете на неговото место. Да го изодите тој пат кој што тој го изодил. Секогаш знаете да осудувате, но дали знаете некогаш да подадете рака? Да му помогнете, да бидете со него и во лошо и во добро. Ретки се тие луге знам, но едно запамтете. Никогаш не осудувајте некого поради изгледот, убавината, финансиите. Бидејки не знаете што носи денот ниту ноќта, а ниту пак животот. Еден ден можете и вие да бидете на нивно место. Биди човек и подади рака секому.


Слободата е сонце што свети - Ева Златанова


Што е слободата? Слободата за мене е кога човек има право на свој мајчин јазик, право на религиозна определеност, право на школување, право на мислење, право на говор итн., односно слободата е темелно право на секој човек да прави што сака и кога сака до граница до која не ја нарушува слободата на друг човек.


Слободата е скапоценост која не се купува со пари. Таа е птица која со раширени крилја лета освојувајќи го небесниот свод. Слободата е највеселата мелодија која може да допре до срцето на секој човек. Најголема радост, блескава сончева светлина во сечии очи. Но, дали денес насекаде ја има слободата?Дали се уште постојат насолзени очи полни со страв од неизвесноста на животот, дали се уште постојат усти жедни за малку спокојство, за малку мир. Дали се уште има човечки души што во секој миг се молат за безгрижен сон? Кој тоа право некому му го дал да крои туѓи судбини? Запри, одговорноста е твоја, човеку! Разумот нека те води по патеката на животот и не ставај му сопки на другиот,и тој е човек како тебе! И тој сака да му се радува на сопственото чедо, и тој сака дедовскиот аманет да му го пренесе, и тој сака да го види својот род исправен,а не подвиткан од тежината на времето што ја носи на своите плеќи.


Запри ги истрелите што ги упатуваш какви и да се!Не разорувај го телото и душата на другиот, постели цветен ќилим по кој заедно ќе чекорите како пријатели,биди човек!


Јазикот на душата - Бојана Јакимова


,,Душата никогаш нема да се смири,се додека не ја најде својата друга

половина.”Рекол Платон.Така е,душата е плод со страст за другата

половина.Две илјади и петстотини години стара изрека која се носи од

колено на колено како нова.Човекот е душа што менува тела,а не само тело

што има душа.Телото постои заради душата,а не душата заради телото.Секое

раѓање на нова душа е всушност еволутивно издигање,и

просветлување.Човековата душа треба нешто да научи,да доживее,да

почувствува и искуси.Душата е исто и огледало на друга душа составена од

иста Божја искра.Но,сепак секоја душа поединечно си има своја

вибрација,хармонија,аналогно секоја душа е посебна.Душата како најважен

орган на човекот си има свој јазик.Јазикот е всушност мимика која се

употребува меѓу душата и мозокот.Некогаш мозокот постапува логично,а

душата емотивно.Сепак,логичноста и емотивноста не се секогаш најдобро

комбо.Тоа е препелет кој често претставува проблем во човечката

симулација.Дури и кога телото мирува душата пробива ѕидови.Слухот на

душевната мелодија ќе не однесе на правиот истовремено вистински пат.


Свет - Бојана Јакимова


Светов го гледам како градина.Градина со многу цветови,цветови со различна боја,од различен вид,со различни карактеристики,со различни слабости...Исто е и со луѓето.Покрај се, светот функционира,бавно или брзо,тешко или лесно.Мене лично светов колку повеќе ме заплашува,толку повеќе го согледувам.Во самиот свет ни се нуди живот.Животот е само еден предизвик,предизвик кој самиот ќе одлучиш како ќе го поминеш и со каков крај ќе заврши.Според мене ако газиш на овој свет треба да газиш со цел.Цел со која ќе се будиш секој ден и ќе заспиваш секоја ноќ за да ја оствариш.Сепак крајот треба да ни биде со спомени, а не со неостварени соништа.


И светов како една целина има две страни.Поделено е на мрачна и светла страна.А наш избор е на која ќе застанеме и за која ќе надоместуваме.Јас мислам дека светлата страна е богатсвото.Не зборувам за финансии туку за фамилијата.Фамилијата е најголемото богатсво,фамилијата е дар од Бога.Светлата страна не само што ја вклучува фамилијата туку ја вклучува и природата и сите останати добродушни луѓе кои за жал се ретки денес.За да се најдеш на таа страна од светот всушност не ти е потребен голем круг на луѓе.Потребни ти се луѓе со чиста душа кои секој ден без престан ќе красат поново и поново насмевка на твоето лице.Но,присутна е мрачната страна во која се вградени луѓе кои се на маскенбал.Кога тој истиот маскенбал завршува,маските паѓаат и остануваат во голема длабока тишина само вистинските злобни лики на луѓето.Тие луѓе никогаш нема да го видат и почувствуваат вистинскиот и реален свет,бидејќи живеат во нивен замислен мизерен свет полн со лаги,злоба и љубомора.Кога ќе размислиме колку би било убаво тие две страни на светот да не се сплеткуваат и со тоа да не настануваат забуни и непосакувани конфликти.А уште поубаво би било кога никој нема да ги дели луѓето по боја на кожа,вера,националност итн...Кога секој би можел да си одбере професија каква сака,стил на живот каков сака,сексуална ориентација каква сака,стил на облекување каков сака без да биде осудуван и покажуван со прст од страна на останатите неедуцирани луѓе.Ако не друго,барем луѓето со посебни потреби да бидат третирани добро и да се чувствуваат како останатите.Пред Бога сме сите еднакви и сите сме негови чеда.


Ако сите функционираме заедно и си подадеме рака ќе поминеме многу лесно и убаво истовремено.Ако си даваме поддршка и ако си пружиме љубов мрачната страна на светот ќе биде заслепена и ќе блесне само зракот на светлата страна.Секој ќе има различни креации и цели во својата глава.Секој ќе стигне од дното на врвот и ќе нема тажни и незадоволни луѓе.Се би било сјајно ако секој поединец би имал три основи во него:добрина,свест и разбирање.Можеби е тешко,но не е и невозможно.

Recent Posts

See All

Загуба - Ева Василева

Таа имаше љубов подлабока од морето, и душа поголема од универзумот. Ќе дадеше сè од себе за тие околу неа да се среќни, не обрнуваше...

Comments


bottom of page