• Култура β

Мини-збирка од кратки раскази #2

26.05.2019 - Ива Марија Зеровска


Авионот полета, а на моите слушалки врти една иста песна точно од 8 часот. Знаеш која песна? Monday morning, Melanie Fiona. До мене седи млад среќен пар, гушнати, стуткани еден во друг исто како јас и ти пред 6 месеци, но ова девојче не плачи како мене. Полека ми се тркалаат солзи по образите, всушност не престанав да плачам од како замина. Ме боли, многу боли, боли тоа што не бевме, а можевме да бидеме. Низ главата ми се вртат различни сцени и на сите нив си ти. Можеби и од сите личности во мојот живот ти најмногу ми значиш, можеби ти си оној која ќе ми недостига најмногу. Стјуардесата кажа дека наскоро слетуваме, а мене нозете ми се отсекоја, во грлото ми стоеше грутка која правеше немир во мене, а очите ми се наполнија со солзи уште повеќе. Стигнав на аеродромот го зедов мојот куфер и на целиот глас почнав да плачам и викам. Луѓето околу мене се чудеа и прашуваа дали сум добро, никој од нив не доби одговор. Излегов низ вратата таму ме чекаше едно мало ѓаволче кое силно ме прегрна. Вечерта беше ладна седев на балконот, се пулев во кутијата со цигари и ми текна дека таа кутија уште повеќе ме потсеќа на тебе. Ја фрлив кутијата низ балконот, на улицата колите секоја секунда ја газеа. Излегов надвор иако не знаев каде да одам, се вртев наоколу, на секоја клупа седеа гушнати среќни парови, тоа ми правеше бура во градите, не ми даваше да дишам. Повторно ја пуштив песната и седнав сама на една клупа, под едно големо дрво. Почнав да плачам, сфатив што ми фали. Ми фалиш ти, ми фали се со тебе, караниците, прегратките, а најмногу бакнежите на чело. Ми фали да седнам со тебе некаде да пиеме џин. Секогаш седев сама до раните утрински часови, го сакав тој дел од денот бидејќи немаше никој на улиците, бев сосем сама. Одев, но без правец. Талкав, како испуштен балон од нечии раце. Па и тоа бев балон кој сите го испуштија од рацете. Балон кој ќе пукне од тага, каење. Балон кој не може повеќе да лета. Знаеш ли дека три месеци слушав една иста песна затоа што ме потсеќаше на тебе? Некогаш и негде ќе те сретнам пак, те сретнав и сакам да останеш овој пат. Сакам да биде се како што треба да биде и се да продолжи во совршена линија. Сакам да бидеш до мене во секој дел од денот, да бидеме едно. Сакам да ме прегрниш и таа прегратка да трае вечно. И знаеш уште што? Мило ми е што заминав. Ако не заминев никогаш немаше да дознаам колку те сакам. А те сакам доволно за да ми се вратиш.


ЕСЕН - Ива Марија Зеровска


Есента не е само жолти лисја, празни клупи и дожд. Есента е многу повеќе, чувство. Есента е трчање кон топлина, дали под кебето кое е фрлено на твојот кревет или пак во прегратката на мајка ти. Есента е се она кое не можеш да го напишеш во поезија или проза, она се кое не обвива и не прави емоционални. Есента е мирисот на ајвар, мирисот на штотуку не пролеан дожд, чадот од куќите на некои зиморливи семејства. Есента е нешто најубаво, пожолтено, крцкаво. Есента е само за возрасни, за оние кои знаат да ја ценат, за созреани умови.Таа е за креативните, за оние кои пишуваат и уметниците кои со своите четки ќе ја доловат магијата на платно. Магијата на есента ќе ја почувствуваш тогаш кога ќе бидеш осамен и на твоите слушалки че ја слушаш Monday morning-Melanie Fiona, но не некоја друга баш таа. Кога ќе се продлабочиш во текстот и ќе згазнуваш по сувите лисја, кога капките солзи ќе се соединат со дождот, кога ти ќе бидеш есен. Есен, со сите тие тмурни слики кои ги опишуваат оние кои не ја сакаат, со сите недостатоци. Но и со сите предности и среќа за оние кои ја сакаат.

 

„Пишувам, но и фотографирам. А најмногу сакам кога инспирацијата за пишување доаѓа од моите фотографии. Ова за вас е навидум обична фотографија, но кога ќе се продлабочиш во неа стануваш дел од неа. Стануваш агол, зелено светло на семафорот, па дури и дождот со сите предности и недостатоци, можеби и есен со сите убавини.“ вели Ива Марија за себе.

 

Краток расказ од Христиана Хиохи


Љубовта е состојба кога гледате некого што ве повредил,што ви направил хаос во животот,ви го скршил срцето,а вие наместо омраза бирате љубов. Јас како тинејџерка неодамна ја почувствував моќта на љубовта на прв поглед.Не почувствував пеперутки во стомакот ниту поцрвенети образи.Верувам дека кога ќе ја запознаеме вистинската личност за нас,треба да почувствуваме мир и спокој во нас.Љубовта доаѓа сама.Доаѓа како кралица која цврсто чекори и ти го пополнува целото тело со нејзините убавини.Те наоѓа неспремен со разбушавена коса и цигара во рака.Во тебе ги буди огнометите на љубовта.Огномети кои те прават нов човек.Човек кој знае да љуби.

 

Христиана Хиохи, пишува од свои 11 години. Пишува, како што вели, бидејќи знае дека хартијата издржува многу повеќе отколку некое живо битие. „А како човек што редовно пишува, се прашувам дали тоа што пишувам ме прави посилна или уште повеќе ме уништува.“ додава таа.

 

Навистина боли - Ирена Ѓеоргиева


Живот... Збор од 5 букви, а толку тежок, но некогаш среќен, живот исполнет со среќа и тага, живот исполнет со добрина но и злоба, живот кој те прави среќен, но те уништува. Живот некој задоволни некој не, секогаш во животот има и среќа и тага и љубов и болка и се друго. Но ваков живот како мојот не посакувам никому. Знаете ли што? Бидејки нема да издржиме, бидејки навистина боли. Боли бидејки ја нема личноста што некогаш ти беше се среќна, тага, нервозна, но знаеме дека е до тебе среќна беше, а сега само скршено срце. Но не е само таа причина, да секој може да се заљуби, но не вака како мене можам само да ја наречам ,,Болна љубов", а зошто?Бидејки пред 2 месеци запознав некого кој ми го смени животот во позитивни и негативни. Позитивните се што го запознав што го сакам, а негативните се само една болка љубов оставена на пола тоа е најголемата болка.Тој удар секој ден по ден ме убува, но од една страна си велам дека еден ден тој ке трча по мене, но од друга неможам, го сакам повеќе ни јас незнам што да правам. Колку ќе беше убаво да разговараме да ти кажам дека само тебе те сакам дека од првиот ден имам излезено со некој после тебе или па засакав? Не, бидејки ти си едиствен. Дали некоја би го дала животот за тебе?Не, бидејки јас бев едиствената. Ми кажуват дека ти е гајле ако умрам, но јас не мислам така. Мислам дека имаш малце човечност во тебе. Може не ме сакаш ама нема ни потреба да ме мразиш бидејки не направив нешто, само те сакав, а и ќе те сакам се додека ова срце чука. Секоја вечер со солзи, ви очите, секоја вечер тонам во солзи, секоја вечер легнувам со твојата слика, станувам секое сабајле станувам со твојата слика ама најважно е си во срцето таму ти е местото.

Секогаш биди насмеан, а мене оставиме, ќе те гледам скришум,а солзите една по една ќе пагаат на моето лице и ќе речам е тој е мојот сакан

 

Ирена Ѓеоргиева доаѓа од Кочани и има 16 години, за себе вели дека најголемата желба и е да пишувам раскази и песни.




84 views

Recent Posts

See All

Таа имаше љубов подлабока од морето, и душа поголема од универзумот. Ќе дадеше сè од себе за тие околу неа да се среќни, не обрнуваше многу внимание за себе. Сè додека не ја запозна својата прва љубов