Уште еднаш лежам тука на мојот кревет и гледам бесцелно нагоре кон таванот. Се гушам од мислите што ме посетуваат оваа ноќ. Се прашувам себе си зошто одеднаш ова е мојот живот. Никој никогаш не ми рече, или барем никогаш не помислив дека живењето може да биде толку осамено, болно и благо. Ми се чини дека вечера си играв, се смешкав и растев со сите што ги сакам. Секогаш се смеев, се шегував и уживав во секој детаљ од животот. Тогаш не ни знаев што значат лоши денови. Се прашувам зошто баш мене ова ме снајде. Зарем не сум добра личност? Дали сум згрешила некому? Дали сум повредила некого и ова е мојата казна? Никогаш во животот не сум се чуствувала вака празно. Колку повеќе се обидувам да одговорам на моите прашања, толку подалеку ми се чини дека е одговорот. Јас трчам по него и го барам, а тој бега и се крие како мали деца што играат брканица. Во не премногу далечно минато мојот живот беше оној на совршена слика, беспрекорно уметничко дело. Но денес, понекогаш се плашам од утрешниот ден и тивко се прашувам ,,Дали е ова се што постои?”-Болка.
Денешната ẞ-авторка е Данче Елвеѓи која се претставува со својот краток расказ ,,Мислите на ноќта". За себе вели дека пишува веќе неколку години, но ова е нејзиното прво претставување во јавност.
Comentários