Еден замислен мој свет. Свет во кој што сме јас и ти, да ние двајца заедно но во моите фантазии... Мечтаам за нов почеток. Почеток без крај само јас и ти. Секое утро, секоја ноќ размислувам за тебе, во глава ми се вртат секакви идеи, луди идеи за нас. Толку си далеку од мене, а всушност толку блиску во моето срце. Секоја вечер гледајќи го небото секојаа ѕвезда ме потсејќа на твоите прекрасни очи, очи кои што не можам да ги заборавам иако сум ги видела само на слика. Каде си секоја ноќ додека јас размислувам за тебе, каде си? Каква е оваа празнина во срцево, дали си ти тој што треба да ја пополни?Навистина не знам, не знам ништо друго освен тебе, јас и ти, ние двајца. Можеби нема да биде ништо од нас но мечтаам како мало детенце, мечтаам бидејќи те сакам. Во секоја ладна ноќ срцето ми се смрзнува, душата веќе се претвори во мраз, мраз кој само ти можеш да го стопиш. Искривена линија на лицето. Линија која копнее за вистинска слатка насмевка. Нема воздух. Но се уште дишам, дишам само за да можамм тебе да те гледам барем на слика. Мојата душа има море, море од солзи, солзи по тебе. Зарем не знаеш дека срцето плаче? Има многу работи кој ти не ги знаеш. Дека јас те сакам. Се сакаш и ти. Но се сакаш самиот ме нема мене. Сѐ е небитно, сета моја болка јас ќе ја трпам...само ти да ми бидеш среќен.
Новиот краток расказ кој го објавуваме е од авторката Кристина Дишлиоска. Таа за себе вели дека слободното време го користи за пишување бидејќи сака сѐ што чувствува да биде собрано на едно место.
댓글