top of page
Writer's pictureКултура β

Надеж - Ана Марија Гошева

Барајќи прибежиште од оваа сурова реалност, наидов на листовите хартија на моето биро. Седнав и почнав да ги иразувам разочарувањата на моите очекувања и уште поважно да ги сфатам страдањата на невините осуденици на денешницата. Сите доблести, чувства и морални епитети ќе бидат разурнати од неправдите и сите болести кои го растргнаа ова животно тло. Дали грижата на совест за тоа што се случува денес и кои дела ги оставаме зад нас се доволни за ја да подигнат свеста и да направат пресврт во страстите и размислувањето на човекот? Само нашите позитивни видувања и надежта за подобро утро може да не извлече од копнежот по слободата и мирот. Како правец на животот судбината го карактеризира мисловниот став, директното сфаќање и прифаќањето на вистината таква каквa што е, па затоа ние да бидеме оние кои ќе ги одбегнат сите слабости и загуби и ќе ја покажат величината на човековото дело.

 

Запознајте ја нашата нова ẞ-авторка Ана Марија Гошева која се води по мотото ,,Пишувањето е најдобриот лек за потиснатите чувства и најлесно пронаоѓање на она што сме."

Нејзиниот инста акаунт е @goseva.anamarija

Recent Posts

See All

Загуба - Ева Василева

Таа имаше љубов подлабока од морето, и душа поголема од универзумот. Ќе дадеше сè од себе за тие околу неа да се среќни, не обрнуваше...

Comments


bottom of page