top of page

На тебе... - Марија Стојановска

Writer: Култура βКултура β

На тебе често помислувам

Кога низ темните улици минувам,

На нашите спомени често се навраќам,

Кога на крајот од денот сама останувам.


Знаеш најдраг мој,

Никој не ми кажал дека е толку тешко,

Да заборавиш човек

Кој некогаш ти бил сè на светот.


Но ете јас се навикнав,

На тие ноќи студени ,

На тие солзи пролеани

На таа тага и темнина што мене ме обзема,

На мојов живот кој без никаква вредност станува.

Откако ти ми замина.

 

Марија Стојановска е шестата поетеса која зема учество во поетските недели на Култура Бета. Таа твори од свои дванаесет години, авторка е на романот „Љубовта е Уметност“, а веќе вториот е во подготовка. За себе вели дека може да каже само едно: „Ако не ја доживеам љубовта како уметност, сигурно ќе ја доживеам поезијата како најголема страст“.

Инстаграм профил: @_stojanovskaaaa

Comments


bottom of page