Ќе заборавам или не,
сеќавањето не излегува од мене.
Толку е тенка таа жица,
што со својот подвиг в срце,
ја врежува незаборавната скица.
Никогаш нема да заборавам!
Мил поглед - зрак светлина.
Прегратка – навидум дава мир и топлина.
Тоа пријателство остава трага,
да трагам во неповрат
по таа меморија блага.
Не се заборава! Не!
Нештото што е сјајно,
па дури и да бега
на дофат во крајност.
Не се заборава! Не!
Љубовта што поткрепува,
ми дава сила,
ме крева на нозе,
не ме повредува,
со насмевка ме лечи
и секоја тажна помисла
со збор ќе ја спречи.
Секогаш се цени нешто што вреди,
сакани зборови
во сиромашниот речник реди.
Не се заборава! Не!
Таа меморија толку деликатна
што зрачи со искреност и убавина уникатна.
Анастасија Серафимовска е авторка на песната „Никогаш нема да заборавам“. Таа за своето пишува само накусо ни кажа: „Поезијата би ја дефинирала како цвет кој сѐ повеќе и повеќе се разубавува со нашата грижа и труд. Колку повеќе го напојуваме цветот со вода - чувства, тој сѐ повеќе ги истакнува своите прекрасности.“
Comments