• Култура β

Осамена виолина - Дина Јовевска

Лежам овде, осамена, недопрена.

Лежам овде, од темнина обиколена.

Лежам овде,

нетрпеливо чекајки ја дента кога повторно ќе го видам сонцето.

Дента кога ќе го осветли моето тело,

и ќе ги покаже моите вистински бои.

Дента кога повторно ќе ги осетам твоите прсти на жиците мои.

Жиците мои, ненаштимани, млитави, олабавени.

Жиците мои,

чекајќи да бидат од твоите исвирени ноти, преплавени.

Незаборавен е денот кога првпат ме виде,

денот кога нежно ги помина моите жици,

за да видиш одсвирената мелодија каква ќе биде.

Ти забораваш, но јас тука сум.

Ти забораваш,

но јас лежам во оваа темнина под покривка од прашина,

знаејќи дека не сум повеќе на твојот ум.

 

Дина Јовевска е млада авторка која има 17 години, а учаи во СУГС Гимназија Јосип Броз Тито - Скопје.


„Ова ми е првпат како испраќам поезија, иако често пишувам за да си ги изразам чувствата. Пишувањето ми е начин како да ги избегнам сите чувства и емоции кои ми ги носи животот, и истовремено истите тие да ги прикажам визуелно, во форма на зборови испишани на лист.“ додава Дина за своето пишување.

29 views