• Култура β

Освоена територија - Александар Михајловиќ

Кога бев млад и лесен

немаше многу за помнење

јас бев гласник кој носеше светлина

гласник за успокојување на душите изгубени

дарежливоста на милостивиот останува.

Кога би можеле солзите да помогнат

светкаат по патот до капијата

влези во градот на мртвите

насмевни се на првиот крал

во градот сив, од камен студен

чекори низ времето.

Осамнува утро на осаменост

ликот во водата губи надеж

приближувањето на остриот здив

потсетува на моментите кога те нема

треба да те нема.


 

Александар Михајловиќ, поет од Гостивар, автор на две книги поезија ,,Алтани и други” и ,,Помалку измамени”. Инспирацијата за пишување ја наоѓа во секојдневието, природата, патувањата и читањето. За културата, пишувањето и уметноста воопшто вели: ,,Уметноста треба да се восприеми со сите сетила, да се ужива во неа полека, да се навраќаме и да ја задоволиме потребата од истата. Живеењето во свет каде материјалното преовладува над духовното и уметничкото станува тешко и болно, треба да се смени начинот на претставување на уметноста, посебно во образовните институции, не тоа да биде наметнато, туку да се открие потребата, која секој ја има. Уметниците се присутни сега, тука, насекаде, уметноста чека да биде прифатена и да биде начин на живот.”

20 views