Една од главните теми на изложби изведени од Националната галерија се ретроспектива или, пак, во чест на македонски ликовен уметник. Поради оскудноста на информации за наши модерни уметници, како и фотографии на нивни дела, овие изложби се од огромна корист во документацијата и промовирањето на македонската современа уметност. Даут-пашин амам како главен објект на Националната галерија често е користен како објект за изложување на домашни автори. Пред отворањето на сега поставената Јубилејна изложба – 120 години од раѓањето на Томо Владимирски, беа поставени изложби од Миро Масин, Симон Шемов и Ристо Калчевски. Сегашната јубилејна изложба, како проект започна од претходниот директор на НЦ Дита Старова Керими, потоа препуштена на новиот директор Маја Неделковска Брзанова, а кустос е Ана Франговска. Оваа изложба брои дури осумдесет дела, од кои некои се позајмени за изложување од неговата фамилија, приватни сопственици и српската фамилија Шушулиќ.
Самата изложба започна како и секоја, со говор од страна на кураторката, директорот и овој пат ја имавме честа да слушнеме и неколку убави зборови од страна на ќерката на Томо Владимирски. Пред сè битно е да се напомене дека за квалитетот на илзожбата е одговорен кустосот, покрај уметникот. Па затоа, можам отворено да кажам дека од последните неколку изложби на Национална галерија, најзадоволна сум од оваа и од нејзиниот концепт. Самата изложба започна како и повеќето со автопортрет и биографија на уметникот. Тоа што беше многу корисно и посебно за оваа изложба беше посочувањето на различните периоди и тематики од творештвото на Владмириски преку поставените легедни. Иако за многумина легендите се банални детали на една изложба, токму тие се музеолошката алатка која служи за директна комуникација на публиката со делата. Па затоа ми е драго кога ќе видам дека покрај насловите на делата и техниката во која се изработени има и други клучни податоци напишани како сопственици на делата, но и образложение за тој период и стил на изработка. Покрај тие одлики, изложбата беше конципирана на начин на кои се групирани различните теми кои ликовно ги обработува Владимирски, во кои спаѓаат: женски актови, мртва природна, урбани претстави, портрети, етнолошки теми и социјални мотиви, со главен фокус на пејзажите. Дополнителни помагала се изложени фотографии од Томо Владимирски, негова колумна, скици кои потсвесно нè доближуваат до уметникот, неговите мисли, карактер и креативен процес.
По влезниот простор, во следната сала се поставени токму тие примери на неговата разнолико и богато творење и претстави на теми. Ова е одличен вовед во опусот на еден уметник, изложувајќи ги неговите способности и интереси. Покрај тоа што се прикажува што му претставува инспирација и мотивација, се согледува и развојот на стилот на сликање кај еден автор кој конретко кај Владмимирски е карактеристичен и ист во речиси сите дела кои се изложени. Некои од делата, претходно беа дел од групните изложби „Париски рефлексии 1 и 2“.
Додеката другите за првпат имавме прилика да ги видиме, со оглед на тоа што многу од нив припаѓаат во приватната коленција на фамилијата Шушлиќ, кои се негови љубители. Во втората сала има видео инсталација, која е монтажа и анимација на негови дела, во кое доаѓа до израз најзначајниот елемент во неговиот опус, а тоа е текстурата. Тоа што е најкарактеристично и забележително кај делата на Владимирски е реалната и интересна претсатава на просторот и природата преку изразена текстура. Сепак, главната тема на целата изложба се пејзажните композиции, во кој главен елемент е присуството на различни предмети, кои предизвикуваат најразлични дразби на допир па и око, почнувајќи од нежно па до грубо. Во овој случај, стилот на Владимирски е идеален за прикажување на разлика во површина на предмети.
Тој користи лесен, но видлив и прецизен потег на четката остава впечаток кој се менува во однос на предметот кој го насликува. Покрај тоа користи интензивни бои, како и контрастно одредени пригушени нијанси со кои го разграничува фокусот на просотор во неговите композиции. Колоритот му е најчесто хармоничен, користејќи претежно природни бои со реални тонови. Освен темата пејзаж како главен врзувачки мотив на делата, неспорно е тоа што се препознава конкретната палета на бои кои ја користи постојано. Кај многу ликовни уметници корисна е употребата на репетиција во бои, со кои стануваат препознатливи и карактеристични преку боите кои ги користат. Па така и и кај Владимирски станува очигледна шемата на користење впечатлива и жарко сина и зелена боја. Друг многу важен детаљ за самата поставеност и распоред на делата е што оние кои припаѓаа на одреден серијал слики, се потредени во ансабл едни до и врз друг, со кои на визуеално ниво се стекнува висока естетска вредност и чувство на целина. Многу од тие серијали се посветени на одредени географски поими во Македонија, како на пример реките Вардар и Радика. Овие мотиви се особено шармантни за нас како публиката со што се здобиваме со нова љубов кон природата во нашата татковина, преку тоа што ја перцепираме со нова димензија како уметнички творби.
Со комбинација на интензивен колорит кој привлекува внимание и неговата умешност на маниулирање на потезите за добивање текстура, Владимирски успева ликовно да нурне во светот на пејзажи и втора природа. Според мене ова е една од подобрите изложби кои сум ги посетила во последниве неколку години, поради тоа што Томо Владимирски е талентиран уметник, кој најбитно е што ги работел темите кои се најкомпатабилни со неговиот сензибилитет и вештини како уметник и најбитно од сè способноста на кураторката Ана Франговска да ги изложи, групира и образложи неговите дела и ликовна кариера.
Фото: Наде Циева
コメント