top of page
Writer's pictureКултура β

Поезија на Борјан Зенделов

Еурека


На нови листови се испишува приказна, стара еве неколку века, за еден човек што ја минал секоја светска библиотека. Ја минал од мака, да не се помислиш од среќа, затоа што има прашање на кое одговор чека. Немало ноќ за него што е лека, Било да спиел на камен, ил на перница мека. Веќе не знаејќи каде да чека, седнал очајно крај некоја река. И можеби убав живот би имал, очи да не бодела онаа флека, тоа прашање на кое не можел да извика: ,,Еурека!” Се верува дека уште по илјадници години, тој молкум крај реката седи, по одговор пека, на прашњето: ,,Зошто нече среча поштеног човека?”

Миг

Во некој миг од животот, овој, наредниот или некој си трет, емоцитите хаотично ќе се прегрнат и ќе направат сплет. Здружени, но како индивидуи ќе скројат букет, и за момент ќе го запрат целиот свет. Во тој миг, се’ наокулу е нечујно и тивко, како на сите битија да им е наредено да се стишат. Тогаш болката престанува, проблемите се бришат. Во тој миг помислуваш само на едно, ни мозокот веќе не разликува гладо и жедно. Не се чуваш ладно и на минусна температура, штом две усни се соединат се со некоја друга текстура. Текстура на усни, кои со допир спојуваат два света, носејќи ја реалноста во димензија деветта. Тој е моментот кога колку години и да имаш, ете, во тебе одново се насмевнува дете. Тој е моментот кога само тој пред тебе го познаваш, а сите околу се небаре странци. Момент кој не се купува со: евра, рубљи, долари или франци. Моментот кога две детски срца синхронизирано заигруваат латино танци.

 

Борјан Зенделов, има 18 години, а за себе вели дека и покрај тоа што на хартија е полнолетен со задоволство во срцето останува дете. Тој е четврта година во скопската гимназија ,,Орце Николов”.


„Сакам да творам и на сечии очи да подарам дел од она што можам да го напишам. Задоволството е мое.“ додава тој.

Comentários


bottom of page