top of page
Writer's pictureКултура β

Поезија од Александра Зафирова

Немир


Се разбуди немирот во мене и се прашав:

„Што заборавив денес, умот или срцево?“

Како безвредно да беше продолжив да чекорам,

па те сретнав тебе, знаев дека е умот.

Се вратив да го земам со себе,

а тогаш пак сватив дека кај тебе

го заборавив срцето.

И стојам и чекам сеуште на таа крстосница,

ниту чекор напред, ниту чекор назад.

Го чекам ветрот да ме дувне, да ме однесе таму каде што мојата желба венее,

таму каде што љубовта тежнее, мислите и душата се во мене,

а ти до мене.


Поради тебе


Живеев во надеж,

дека некогаш ќе те видам.

Те барав, зошто очиве додека не те пронајдат,

не се затвораат.

Сонував преку ден, размислував преку ноќ.

Бев заробеник на умот, бидејќи трчав по срцето.

Чуството на омраза мене не ми беше познато.

Благодарна бев, што сум под иста ѕвездена бескрајност со тебе,

надевејќи се, дека и ти истото го посакуваш за мене.

Чекорев по свила и кога го искачував најтешкиот пат.

Мислев дека знаејќи го само името твое, ќе го задоволи,

задоволството мое.

Првата лага ја изустив поради тебе,

почнав да се плашам и од самата себе.

Детството ми го промени таа насмевка твоја,

свеста ја разбуди моја.

За миг, во себе не го чуствував тоа малечко дете,

те немаше тогаш тебе.

Испатував во многу мисли и чувства.

Го променив мојот свет поради тебе.

 

,,Хоби е најмалиот епитет за оголување на сопствените чувства,за

пишувањето. Потајно и долго време тоа хоби го полевам како растение, го сакам како милениче, а потоа го чувам како скапоцен сувенир. Бидејќи пишувањето е единствениот клуч до мојата душа." ни кажува Александра.

Comments


bottom of page