Еден, два, молк
Ме скорна.
Ми го согори грлото,
ми се огорчи дишењето.
Ме слече,
ми ги искрши пршлените.
Го замори молкот што ме демнеш,
платив во крв.
Се изгори огнот,
пократки сме на здив
ќе кажеш нешто или?
Дијагонално на времето,
ми тежи и леснотијата
а не се ми мои лагите
кои ти ги лувам за себе.
Гледам си корнеш
срча од погледот.
Извини.
Извини што ми недостасуваш
до самоуништување-
но ова,
ме изгоре.
Преправање
Затвори го едното око,
преправај се дека помалку гледаш,
се ускрати ли злото,
се намали ли?
Зарем ако е твое,
не го гледаш како јаве мижејќи?
Затвори го другото око,
хендикепирај го,
слепило.
Онеми му ги солзите,
можеби така ќе си посилен.
Јадицата се приклештува на забите,
зборува во твое име.
Затвори си ги очите така,
прикриј си ги ушите,
врати се во утробата.
Зарем и своето погубување
ќе го изигнорираш?
Анастасија Саздовска е ученичка во трета година во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ во Скопје. Се занимава со пишување поезија и проза, графички дизајн, филм и фотографија.
За себе вели дека пишува од дванаесет години, а за својата поезија вели дека е начинот преку кој искажува револт.
Commentaires