top of page

Поезија од Иван Арсов

  • Writer: Култура β
    Култура β
  • Sep 30, 2020
  • 1 min read

Има ли нешто поубаво од тишината на самотијата?

Има ли подобро од звучниот крш на брановите

низ владетелот тишина?

Знае ли сонцето дека неговото зајдисонце е триста нешта за некого?

Знае ли бранот што и шепоти на тишината?

Го сакам бакнежот на тишината и бранот

и шумот кој го крши како молња од ведро небо.

Ја сакам тишината на самотијата

и самотијата на тишината.

 

Нашиот денешен нов автор е Иван Арсов кој ни се претставува со негова поема. За себе кажува дека е трагач по смислата загубен во неподносливата леснотија на бесмисленото и дека единствената смисла ја наоѓа во уметничкото.

Commentaires


bottom of page