top of page
Writer's pictureКултура β

Поезија од Климентина Соколовска

Живот

Животот е приказна

бајка без почеток и крај,

која семоќно опстанува

и со подеми и падови

да изненади не престанува.

Безмилосно одлучува:

Понекогаш да добиваш,

понекогаш да губиш.

Еднаш да мразиш,

и еднаш да љубиш.



За човековото добро

Зарем денес е толку тежок..? Животот во кој добрина има, животот во кој љубов се дарува и прима.

Не барам да се гради, руши, премести, ништо на овој свет. Само рака додај и насмевка стави, не е потребно друго да се прави.

Тогаш светлост ќе заблесне во нечиј очи и верувај дека добрината, човечноста, хуманоста твоја, се оние што ќе помогнат дури крв од војните да престане да се точи.

Сонцето најискрено ќе свети кога сплотени еден до друг ќе бидеме, и срца без омраза, гнев и желба за одмазда ќе имаме.

Да помогнеме кога некој во неволја е. Солзите инстантно да му ги бришеме тоа нема да не убие не.

Да не бидеме индиферентни кон туѓата болка, таа може да биде моја, твоја. Таа може сечиј живот во друга да промени боја.

Сум слушнала велат: ,,Границите не се оние што не делат”. Ние сами ги поставуваме бариерите што ни пречат.

Од алчност забораваме на важните работи. Се омаловажуваме, повредуваме, навредуваме. А кога некој не е на овој свет, не е повеќе тука, кога неговото срце престане да чука. Знаеме дека постоело друг начин, но предоцна е ...

Затоа сфати и реагирај на време Помагај..! Дари помош, дари зрак надеж Тоа нема гордост да ти земе.

Те почитувам, почитувај и ти. Сакам да помогнам, помогни и ти. На мене, на себе, на она дете кое не знае од животот се. Покажи кој вистински пат е.

Аплауз, поклонувања, сертификат или пари, нема никој да ти дари. Но доброто дело срце ќе стопли.

Направи го животот, место на кое што добрина ќе има. Место на кое што љубов ќе се дарува и прима.



Преживувам

Скриена во екот на тишината

обземена од самината.

Дишам а не постојам,

земам здив а не сум жива,

Врескам без да испуштам крик.

Па која сум?

Повеќе не го препознавам ни сопствениот лик.

Одам по пат без никаква цел...,

само да ги соберам парчињата

од душата- дел по дел.

Се кријам. Се нурнувам во

океан кој дно нема,

за повеќе животот ништо да не ми зема.

Секојдневно умирајќи преживувам...!!

 

Климентина Соколовска, 21 година

instagram: @kika__s




Comments


bottom of page