top of page
Writer's pictureКултура β

Поезија од Марија Чурлинова

Те сонував, на миг, повторно те имав.

Но, повторно и на сон те загубив.

Сон сонив, а на сон не личеше.

Те гушнав, те снема.

Пробав да те стасам.

Пробав да те најдам.

Но, и на сон одлучи да се скриеш.

Ги рашири своите крилја, и повторно летна.

Се исплашив.

Се исплашив од чувството кое ме обзема.

Се исплашив од самотија.

Се исплашив од чувство на недостиг.

Се исплашив од помислата да те барам повторно.

Се исплашив да чекам.

А ти, ти воздух стана.

Како птица пред полетување,

ги рашири своите крилја и повторно летна.

Гласот ти го препознав,

се движи како честичка низ воздух,

од кој само твојот парфем се разнесува.

И да, се соочив со стравовите.

Сè уште се соочувам.

Учам како да живеам после тебе.

Се трудам да се вратам на времето,

тогаш кога не те познавав.

тогаш кога те мразев,

тогаш кога не те сонував,

кога не те чекав,

кога не те барав.

И да, ми фалиш.

Ми фалиш, како дождот на лето.

Ми фалиш, како жештината на есен.

Ми фалиш, како капка вода во пустина.

Ми фалиш, како што не фалеше никогаш досега.

Ми фалиш, како човек на човека,

како другар на другарот,

како месечина на волк,

како ружата на Малиот Принц.

И постојано се тешам.

Се тешам дека ќе се вратиш,

и дека од слепилото на патот не ќе те видам.

Затоа што патот за враќање не постои,

затоа што ти во кој се вљубив го снема.

Затоа што новиот ти, не е мојот ти.

Затоа што твојата љубов пепел стана.

А, мојата љубов иста остана.


 

,,Сонувач кој сака да слуша добра музика и чита добра книга. Заљубена во секоја гранка од уметноста. Ги обожавам старите работи како: стари книги, стари пријатели, стари градби, стари времиња, стари манири, стара добра книга и вино. Обожувам да поминувам време во природа со мојата мачка, Зое. Тоа е мојата инспирација. Се трудам да бидам најдобрата верзија од себе си секој ден одново и одново." кажува новата поетеса Марија Чурлинова за себе.

Таа се води по нејзиното мото ,,Животот е премногу краток за пиење лошо вино."

Comments


bottom of page