top of page

Поезија од Мирослав Трајковски

Writer: Култура βКултура β

Места


Постојат места во кои сакаш да се изгубиш Да му се препуштиш на целиот тој бесконечен пат, со свиоци и ветровити полиња, со лилјани и треви кои ползат по дрвјата. Но, така постојат и очи во кои сакаш да се изгубиш. Меѓу нивните длабоки води Или распространети замоци издигнати од кафе и тајнословија. Постојат солзи кои прифаќаш Да бидат и твои солзи на лицето Стихови на кои им отвораш срце и до твоите треперења и возбуди. Постојат исти збирови од чувства но во различни низи Искажани, одгатнати и заробени. Паралелно со ѕвездите, песокот и пламенот на светот испишани. Но сепак секогаш блиску до тактот На твоето срце Знај дека - Тие постојат.


Тивки далечини


И ете пак, како вчера исто ми носиш една рака со прашина пред сонот на очи да ми дојде. Остави ме да заспијам. Едни утра како низ предвечерие ме поздравуваат А јас им пркосам, им велам да се однесуваат како што им доликува. Но каде е тој глас Силно што треба да викне?! Да и го сопре текот На оваа река од мисли. Ноќи без сон нанижав За живот цел Не ги одминав ни црвените месечини Ниту ретките и тивките далечини.

 

Мирослав Трајковски Мики е роден 1994 година во Скопје.

Во родниот град го завршува своето образование и високите студии

по Агроекономија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

Љубовта кон убавиот пишан збор и литературата ја негува уште од рана возраст, пишувајќи песни и кратки раскази.

Од 2014 година па наваму учествува на различни поетски и литературни манифестации и за првпат го презентира своето творење, кадешто се здобива со многу различни награди и признанија.

Гостува на повеќе радио програми,

а во 2019 година станува и првиот македонец добитник на втората награда (лауреат) за најубави песни на Меѓународниот Славјански Фестивал во Харков, Украина.

Досега има издадено повеќе свои текстови и материјали во антологиска верзија со група автори. Книгата „Белези" - песни и писма 2020 година е неговото прво самостојно дело. Поезијата и есеите на Трајковски честопати се инспирирани од љубовта како универзална сила, на која авторот меѓудругото ѝ оддава највозвишена важност.



Comments


bottom of page