top of page
Writer's pictureКултура β

Поезија од Надица Банишка

,,барем да знаев како да работам

со орудијата за обработка на камен,

онии за во рудници,

за да можев да копам

по планините добрина од кои сум изградена.

вака само несмасно мавам

и си ги повредувам рацете.

а, пак кога друг доаѓа

тактички, вешто

ги обработува сите мои длабочини,

собирајќи делови од мене

и скришно,

додека јас слепо се китам со матните наочари на љубовта,

си ги пика во џеб најскапоцените делови од мене.

а потоа јас се чудам каде замина сета моја добрина,

сета моја убавина.“

 

Нашата нова ß-поетеса е Надица Банишка, има 19 години и студира Педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје.

Вели дека поезија не и е секојдневие, односно, повеќе е повремено прочистување на душата, а новонастанатава ситуација и овозможила да се посвети повеќе токму на тоа.

Comentarios


bottom of page