Ноќ.. тивка и напната
Навидум иста како претходните
Но сепак различна
Во далечината одѕвонуваат чекори
Нејзините..
Талка безнадежно барајќи го љубовниот компас
Заробена во прангите на плачот без можност за бегство
Иронија на животот..
Познат допир го растреперува нејзиното тело
Меланхолично продолжува..
Една од многуте халуцинации си помислува
Одеднаш замрзнува
Секоја можна клетка почнува да вибрира
Да.. тоа беше неговиот шепот
И тоа на нејзиното уво
Баш како во старите денови
Одеднаш замижува
Да го осети со целата своја душа
Ја наслушнува тишината
Молчи за да го запамети
Прости.. сака да прошепоти мене повеќе ме нема..
Но, заминува без зборови
По патот непознат, празен
Тивко без мимика и збогум
Без да се сврти наназад
Се здружи со црнилото на ноќта
Го заклучи во своите мисли
Како сенка во искривено огледало
Замина и го остави во тишината и осаменоста
Го направи тоа што одамна требаше
И никогаш не се покаја..
Нашата нова поетеса која се вклчува во нашата инста-стихозбирка е Славица Ивановска. Се занимава со аматерска театарска глума, а понекогаш и со пишување. Пишувањето, како што ни кажува, ја исполнува и за момент ја отргнува од реалноста во свет каде што пишаниот збор вреди повеќе од сè, во свет за каков што ние во реалноста може само да сонуваме. Темите, вели, и доаѓаат спонтано во зависност од расположението.
コメント