• Култура β

Поезија од Теодора Стојковска

Бакнеж


Беше јануари,

Студен ветер, снегулки и насмевки

Нашата ноќ, единствена и прва

Усни на усни,

Срцето бие, очите светат,

Емоции,

Збрани од сите страни,

Тага за нешто старо,

Страст кон нешто ново

Се впуштив во река,

Полна со изненадувања,

Искрена љубов и многу очекувања

Сега си минато,

Болно, среќно и тајно,

Водиш кон лудило крајно,

Ќе те памтам ко што срна памти бег,

Ќе те памтам по бакнежот во Јануари,

По првата прегратка,

И првиот снег.


Ноќ


Темна, болна, исцрпена, тивка,

Доаѓа со тага непосакувана,

Сонот е гостин,

А мислата неочекувана.

Ноќ е,

Низ сенките во собата

Полека се прикрадува,

Без страв е,

За прегратки гладува.

Чиниш жена е,

Со потпетици што тропа,

Оди низ минатото и

Заборавеното го копа.

Ти дава илузии

На беспрекорна љубов,

Сонот те напушта,

Сенките се губат.

Остануваш ти,

Во ноќ глува а слуша,

Сега и стравовите те фаќаат за гуша.

Никој до тебе нема,

А надвор ти се шричинува неввреме се спрема,

Ноќ.

Доаѓа тивко, тивко и си оди,

Низ животот така со болки те води.


Присутен во мене


Те чувствувам во ветрот што надвор вие,

И во кафето што го пијам

И во насмевката што ја кријам,

Те чувствувам во топлината на домот мој,

Чувствувам како срцето војува бој

И твојот мирис го знам,

Твојот чекор и од,

Во ноќта мрачна најмногу ми фалиш,

Да бидеш тука до мене и ме галиш,

Те чувствувам во ситници мали,

Мислам на тебе,

Лежам сама, стуткана под своето ќебе

Фотографии гледам, небаре тука си до мене

Те барам на телефон, небаре некој ќе крене..

Ке каже, замина тој, не го барај, не тажи.

А те чувствувам до корен, до болка,

До сржта на срцево мое,

Зашто човек трага и бара,

Зашто засекогаш останува болкава стара.

 

Авторка на песните „Бакнеж“, „Ноќ“ и „Присутен во мене“ е поетесата Теодора Стојковска. Таа има 16 години и смета дека болката и немирот од целиот свет полека исчезнува со напишаниот збор.


„Со пишувањето ја избегнувам суровата реалност во која оние кои се осмелуваат да сонуваат се често осудени и потонуваат.“ додава таа.




25 views