top of page
Writer's pictureКултура β

Поезија од Флорина Поповска

Темен рај

Во дрвена куќарка над жолто сено згаснува уморот на девојка вредна, низ малиот прозор звук се слуша и продира светлина од звезди до гуша. Низ звезден пат води нејзината душа танцови игра со ноќниот сјај, и шепоти тивко во темниот рај. Раздробени умори спокојно оро везат и раздробени напори ткаат лес, бегајќи така од секојдневниот урнебес во засолниште со гледка кон лекот, во недостиг бара спас.


Лојалност


Лојалност те боди силно

како лута бомбона,

те засладува и проплакуваш.

-Ги губиш ли сите дирекции?

-Ги следиш ли моите селекции?

Отстранувам неверни љубови,

остранувам ланци тешки , проколнети

остранувам лаги вешто засолнети.

Отстранувам пајажини од заблуда

патишта темни поројни,

ти вбризгувам мисли достојни

и очајни бришам мостови.

Безопасна е злобата

безопасна е лагата,

безопасни се искривеностите

ако ме следиш мене

и доблестите,

ако го следиш мојот чекор

и скапоценостите.

 

Флорина Поповска е поетесата која зема учество во деветиот ден од двете поетски недели на Култура Бета. Таа за себе вели: „Имам 21 година и доаѓам од Битола, покрај тоа што студирам, во слободно време пишувам поезија,на англиски и македонски јазик. За мене тоа е еден вид на прочистување на мојата душа од секојдневните проблеми и дилеми,со тоа ја хранам мојата душа оставајќи ги бенефитите од тоа хранење на листот. Обожавам да играм со зборови. Инспирацијата за пишување ја добивам од самата себе. Опишувајќи го мојот живот,моите постапки и погледи кон светот успевам да се пронајдам во денешниот бурен свет и да се издвојам како поединец со своја автентичност.“

Comments


bottom of page