top of page
Writer's pictureКултура β

Поезија од Христијан Михајлоски

Изгубен во твоите мисли,

Талкам!

По патиштата на твоето тело,

Барам!

Бесконечна ноќ,

Ѕвездена небо,

И само две очи водилки.

Дојди!

Нежно допри ме,

Укради ми ја душата.

Бакни ми ги усните,

Воскресни ме.

Заљуби се во мене,

Искрено, како дете!

Само така ќе го пронајдам патот

Меѓу безбројните ѕвезди,

Небесните очи ќе блеснат,

Душата моја ќе заигра,

А јас ќе ти признаам:

Те сакам!

 

Христијан Михајлоски е студент по историја и љубител на сето она што ја разигрува нашата мечта, зошто сѐ она што останува неискажано е доволна мотивација за една игра со зборови. Уште повеќе, за да ги насликаме нашите соништа и желби, да кажеме колку само силно љубиме.

Comments


bottom of page