Култура β
Поле со памук – Софија Бислимовски
Дајте ми чисто,
за да го покријам виорот со
стихови на самосветлост.
Дајте ми ружа од пекол,
со бакнеж на вистината да го осветлам лажното
дека среќата е воздишка која што ме опива со
свежа вода, и низ визуелен свет на виртуелна
реалност, го дознава предметот за погребот на
затворени копнежи.
Дајте, дајте ми чисто,
со самоопределеноста на срцето
во чистото, да стигнам
до поле со памук.